Продолжениот викенд за Велигденските празници македонските политичари го поминуваат со своите семејства.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, на својот Фејсбук профил се пофали со креативните велигденски јајца, за кои оваа година биле задолжени најмладите членови од неговото семејство.
-Среќни празници со делото на моите синови и креативната внука! Јајца обоени со флуоресцентни бои што светат ноќе. Да сте сите живи, здрави, среќни и весели!, напиша Димитров.
Среќни празници со делото на моите синови и креативната внука! Јајца обоени со флуоресцентни бои што светат ноќе 😊
Да сте сите живи, здрави, среќни и весели!
Posted by Nikola Dimitrov on Sunday, May 2, 2021