Според информации на Курир пожарот настанал на приватен плац на кој имало возила.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симовски во телефонска изјава за Курир потврди дека имале дојава за пожар и во моментов на терен интервенираат со четири возила.

-Има опожарени возила, во моментов не можам да кажам колку бидејќи интервенцијата е во тек, се работи на целосно локализирање на пожарот, а има густ црн чад. Пожарот е на приватен плац и нема опасност по други објекти, изјави Симоновски за Курир.