Со часови, македонските граѓани ги наполнија бензинските пумпи, по најавата дека од утре следува големо поскапување на цената на горивата.

Состојбата пред бензинските пумпи и наидовме на вистински хаос.

Цели редици возила чекаат на улиците, а притоа имаат блокирано цели сообраќајни ленти.

Граѓаните се изреволтирани од ваквите поскапувања кои тешко е да се поднесат со семејниот буџет. Чекаат по повеќе од половина час да го наполнат резервоарот бидејќи таа услуга утре ќе ги чини многу повеќе.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95     104,00  (денари/литар)

Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 98     106,50  (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    95,00  (денари/литар)

Масло за горење     Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   93,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС    54,640 (денари/килограм)