Утрово во Галичник е мирно, се огласија од Месната заедница преку фејсбук.

-Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК.

Утрово увид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати.

Добро утро Галичани, утрово во Галичник е мирно.
Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба…

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Monday, May 3, 2021