Во моментов се игра полуфиналето од Светското првенство во Катар, а силите си ги одмеруваат Мароко и Франција. По вчерашните коментари за најзгодна хрватска навивачка, сега очите се вперени кон 26-годишната Имаан која ја нарекуваат најзгодната навивачка на Мароко, а таа се занимава со манекенство.

Имаан Хамам вечерва ќе навива за мароканската репрезентација во Катар. Таа е холандски модел со мароканско и египетско потекло. Се појавила на насловната страница на „Vogue“ неверојатни 18 пати, од кои 4 пати на американското издание, пишува „The Sun“. Модел е на „Victoria’s Secret“, а на Инстаграм ја следат 1,5 милиони луѓе.

Во продолжение може да погледнете како изгледа таа, а на нејзиниот Инстаграм профил има повеќе фотографии кои ги привлекоа очите на светската јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Imaan Hammam (@imaanhammam)