Во кампањата на кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ се вклучени и идеологот на СДСМ, Бранко Тричковски како и членот на СДСМ Љубомир Фрчковски.
Тричковски во јавноста е познат како новинар кој речиси постојано пишува навредливи и невкусни постови и колумни, а во својата последна има и сексистички напади врз независната кандидатка Данела Арсовска за градот Скопје.
Додека пак Фрчковски исто така има своја црна дамка во политичкото минато во земјава.
Герасимовски денеска со нив двајца објави и фотографии во знак на нивна поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори закажан за 31 октомври.