Касами се обврза дека долгот на општината пред граѓаните ќе го објави на билборди, како и на монитор на плоштадот „Илириа“.
Денеска, по улиците на Тетово, на билборди може да се забележи колкав е всушност долгот на општината.
Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами го одржа своето ветување во врска со објавувањето на долгот на општина во првите 100 дена.