Тие на својот профил споделија истражување кое покажува дека ефикасноста на вакцините во Македонија изнесува  99,7% , од кои  0,3% се повторно заразени иако најголем дел од населението се вакцинирано само со една доза и не се комплетно вакцинирани.

-Што значи комплетно вакцинирана особа? – Две администрирани дози + 14 дена поминати од втората доза. Кај нас, се уште мал е бројот на таквите случаи.Овие бројки се многу охрабрувачки.

Во Македонија вкупниот број на вакцинирани изнесува 216.453, од кои ревакцинирани се 38.806 граѓани. Повторно заразени само 664 (0,3%). Од тие 0,3% односно 664 дури 456 се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината, што значи дека најверојатно веќе биле заразени кога се вакцинирале.

-Од вкупниот број на заразени после вакцинација (664), 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од вкупниот број на починати лица (22) 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината, велат од Министерство за здравство за Фактор МК. Инфорграфик: Д-р Стефан Василевски