Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Кисела Вода, каде се врши доградба на училиштето „Невена Георгиева – Дуња“.

-Задоволство е секогаш кога ќе правиме увид на ваков тип на проекти каков што е овој, доградба на училиште за најмладите, за учениците. Тоа е дел од суштината на политиките кои што ги води оваа Влада и добро е што десетици вакви објекти заедно со градинките, предучилишната возраст, се стотици вакви објекти кои што се градат низ цела држава.

И јас сум навистина задоволен што гледам дека сите тие напредуваат. Еве со градоначалничката разговаравме дека со почетокот на новата учебна година и оваа дограба треба да е готова и да биде ставена во функција, овие 560 метри квадратни.
Тоа коешто е добро е фактот дека со сите овие градежни активности, со сите овие капитални инвестиции ние практично го решаваме оној акутен проблем со простор за учениците онаму каде што е потребно. Е сега прашањето е второ, онаму каде што пак имаме вишок простор, а имаме помалку ученици, тоа треба да видиме да најдеме начин во годините коишто следат како да се реши.

Но, како и да е, јас би сакал да и честитам на градоначалничката, да честитам на министерката, на пратениците, на Советот, на администрацијата во Општина Кисела Вода, на сите оние коишто имаат своја додадена вредност се разбира за да овој објект стане ова што денеска е, односно да се гради, да биде пуштен во употреба и посакувам уште многу многу вакви објекти во иднина да се реализираат.

Тоа е суштината, подобро да градиме, тоа е она коешто го очекуваат граѓаните и да ги испорачуваме ветувањата коишто сме ги дале, истакна Мицскоски.