По историскиот пласман на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата беше одложено за оваа година, избраниците на селекторот Игор Ангеловски добија можност да се натпреваруваат со најдобрите во Европа, но и можност да бидат дел од колекционерскит збирки на најпознатиот албум со спортски сликички во светот.

Албумот на Панини веќе е во продажба низ европските земји, а наскоро ќе стигне и во Македонија, па сите љубители на фудбалот ќе имаат уникатна можност да ги лепат сликичките на Пандев, Елмас, Адеми, Ристовски, Барди и сите други фудбалери кои за првпат во историјата ќе ја претставуваат Македонија на европско првенство.

Македонија ќе игра против Холандија, Австрија и Украина, а натпреварите се закажани за следниот јуни.