Последните неколку денови најактуелна е случката со ,,Бугаринот” Христијан Пендиков и инцидентот којшто се случи во Охрид. По ова, излегоа секакви информации во јавноста и многу нелогичности во однос на целиот овој случај како неколку пати промена на изјавата во полиција околу тепачката, прекршени процедури при излез од државата, кои биле задните намери во целиот овој инцидент и дали воопшто има позадина националноста или станува збор за нерасчистени дилерски сметки.

Токму ова беше тема и на денешната утринска емисија на Радио Лидер, а целата емисија може да ја погледнете ТУКА. Гостин во емисијата е еден од најискусните во овој сектор.

Откако го истепаа во Охрид и со владин бугарски авион беше испратен на лекување во Софија, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, беше посетен од министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков.

Османи уште еднаш го осуди насилниот чин врз Пендиков и додаде дека му е жал за инцидентот, за кој што рече дека не ги одразува вредностите на граѓаните на Македонија. Тој увери дека земјава ќе се погрижи за нула толаранција врз насилството. Според шефот на дипломацијата, Бугарите во Македонија ќе ги имаат сите права, слободи и привилегии, истакнувајќи дека нема да се дозволи негирање на бугарската заедница, како што нема да се дозволи негирање и на македонскиот народ.

Полицијата во петокот уапси три лица од Охрид како осомничени за физичкиот напад врз нивниот сограѓанин во еден угостителски објект во Охрид.

Но, излегоа нови информации околу тоа што пишувал Пендиков на својот Фејсбук профил во однос на Бугарите. Според коментарите, ако Бугарите видат кои се ставовите на Пендиков и дека за Бугарија вели дека е Пиринска Македонија би го вратиле од Софија со истиот авион.

Повеќе може да погледнете од фотографиите во продолжение: