Да користиме воз, да придонесеме за почиста средина, апелира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Пред два дена почна да функцинира градскиот воз на линијата Скопје – Зелениково – Скопје и според Николоски, тоа е нова можност за Скопје.
Со 8 поаѓања дневно во точно утврдено време, граѓаните добиваат уште една нова можност да стигнат побрзо до својата дестинација и да го избегнат сообраќајниот метеж. Градскиот воз значи: побрзо патување, пониски трошоци, подостапен и сигурен јавен превоз, вели Николоски.
