Македонија се сака со дела. Вечерва на гала вечера со европските лидери разговарам за потребата Македонија да почне преговори со ЕУ, за битката со криминал и корупција и потребата од подобар животен стандард.
На иста маса со врвен белгиски дипломат, една од водечките француски новинарки, одговорната за односи ЕУ – Кина во престижниот Фајненшл Тајмс, како и главниот опозициски лидер во Белорусија разговораме за состојбата во Европа и што може да се направи во следниот период за да се врати европскиот дух.