Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија.

Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје.

„Ова е трета најголема база што Визер воопшто ја има и се надевам дека за многу брзо време скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека Визер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси не се случајни и овие успеси се резултат на заедничка работа. Всушност и бројките го покажуваат тоа, изјави Николоски.

Имено, само компанијата Визер ако минатата година превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Во првите шест месеци двата аеродроми, Охрид и Скопје има над 2 милиони патници. Се надевам таа бројка ќе продолжи и во вториот дел од годината. И ако пред неколку години се боревме за 2 милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо – а тоа е 4 милиони патници годишн, нешто што е реално остварливо. Многу нови дестинации, многу нови авио рути. Две се отворија само оваа недела: за Алгеро (Италија, Сардинија) и за Палермо (Италија, Сицилија), а исто така зборуваме и за нови авиолинии од Вроцлав и Катовице за Охрид, кажа Николоски.

Ќе продолжиме заедно да работиме и ќе продолжиме заедно да напредуваме. Ова е одлична приказна којашто заеднички со ТАВ Македонија и со Визер ќе продолжиме да ја развиваме” -изјави Николоски.