Уште еден плоштад во Скопје се претвори во јавен паркинг. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од кои може да се види дека и овој дел од центарот на главниот град, кај Дом на Ибни Пајко, се користи како паркинг простор, пренесува СкопјеИнфо.

Иако на плоштадот има градежни активности и се поплочува несредениот дел од плоштадот што стоеше во руини со години, сепак дел од граѓаните го користат како јавен паркинг, за до институциите или за на кафе. На ваков начин (не)намерно се уништува плоштадот, кој служи како туристичка знаменитост, велат од фб групата „Патувања низ Македонија“.

Во продолжение може да погледнете како изгледаше плоштадот до пред извесно време, без паркирани автомобили, а на сликата веднаш под неа може да забележите како изгледа тоа денес.

Ова не е првпат ваква ситуација да има во Град Скопје, во последните неколку месеци главниот град под раководство од Арсовска .