Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска неколку лица насилно отвориле банкомат во трговскиот центар „Веро Џамбо“ на подрачјето на општина Центар и одзеле пари.

Според пријавата поднесена до СВР Скопје, настанот се случил на 10 јули 2026 година, околу 3:15 часот, објави 4news.mk По извршеното дело, сторителите го напуштиле местото на настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за идентификување и пронаоѓање на лицата вклучени во кражбата.