Оваа традиција е долга дваесет и четири години и беше именувана по белгискиот пејач кој беше прогласен за најлошо облечен изведувач на Евровизија во 1993 година.

Резултатите не зависат од ниту едно жири, но до победникот на оваа не многу ласкава „титула“ се стигнува со гласање, што може да се направи преку белгиската страница songfestiv.be.

Оваа година, главни фаворити за најлошо облечени се Тикаа (Норвешка), Сенхајт (Сан Марино), Роксана (Романија), Еден Ален (Израел), Манижу (Русија) и Албина (Хрватска).

Гласањето трае до 30 мај, по што ќе дознаеме кој од годинашните изведувачи победил.

Албина од Хрватска

 

Манижу од Русија

 

Еден Ален од Израел

 

Тина од Летонија

 

Роксана од Романија