Според бројките Гордана Силјановска Давкова освоила 28029 потписи, а Стево Пендаровски 21852 потписи. Според ова кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освоила речиси 6200 потписи од акутелниот претседател и кандидат на СДСМ.

Кои се седумтемина кандидати кои досега ги обезбедија потребните 10.000 потписи?

За само еден ден Силјановска Давкова обезбеди речиси три пати повеќе од потребниот минимум, а Стево Пендаровски обезбеди повеќе од двојно. ВМРО-ДПМНЕ демонстрираше моќ и со тоа потврди дека е најголем фаворит за победа на претседателските и парламентарните избори.

Двете најголемите политички партиии решија да атакуваат по фотелјата на „Вила Водно“ со ист претседателски кандидат како во 2019 година. Но, овој пат екстерните фактори многу се сменети. Ако тогаш убедлив фаворит беше Пендаровски, овој пат тоа не е така, а истото освен по анкетите може да го заклучиме и по вчерашното собирање потписи.

Изборна реприза од 2019-та година, но со различен фаворит