Од вкупно 58 работници ангажирани хонорарно, беа објавени 55 имиња кои можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Меѓу овие имиња, може да се забележи и Марко Михаилоски, кој е ангажиран за функцијата „Логистичка поддршка на Комисијата за именување, во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република с. Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси“.
Месечниот надомест кој тој го добива за оваа функција е 25.000 денари, приближно на една просечна македонска плата.
Инаку, Михаилоски е лидер на Социјалдемократската младина на Македонија, кој пред само неколку години, кога на власт уште беше ВМРО-ДПМНЕ, објави слика каде го обвинува тогашниот премиер Никола Груевски дека го натерал да си отиде од Македонија.
Она што изгледа му било потребно на Михаилоски да остане во државата е само еден владин хонорар и политичка функција која се стекнува само со послушност кон партијата и нејзиниот лидер Зоран Заев.