Последниве денови сѐ поголем е бројот на пријави од граѓани кои сведочат за појава на змии во урбани средини – дворови на училишта и градинки, паркови, па дури и тераси. Најновиот случај е регистриран во скопската населба Карпош, каде што змија била забележана на тераса од станбен објект.
Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека во Македонија сѐ уште не постои специјализирана служба задолжена за фаќање и безбедно отстранување на ваквите животни. Поради тоа, граѓаните се принудени самостојно да бараат помош од поединци или организации кои имаат искуство во постапување со змии.