Водачот на турската мафија лани на 3-ти Октомври на неговиот фејсбук профил објавил дека бил гостин на ФОН универзитетот и сопственикот Сефер Цановски, додека пак на 17 ноември општина Маврово Ростуше на официјалната фејсбук страница го преставила како биснисмен од Турција кој бил на работна средба со градоначалникот Медат Куртовски.
Шефот на турската мафија бил осуден на 14-годишна затворска казна во 2007 година под обвиненија за предводење на криминална организација, грабеж, фалсификување и две точки за незаконско лишување од слобода. Тој избегал од Турција во јануари минатата година под сомнителни околности.
Твитер заедницата постојано овјавува нови слики од личностите со кои се сретнувал додека бил во Македонија. Од фотографиите кои ги објавија на оваа социјална мрежа може да се забележи во пикот на пандемијата Ковид-19 Седат Пекер бил со Колишинац од Вардар Експрес кој е коалиционен партнер на Заев, Ватичи од Вато Компани, Берович од Берович Бетон, Дечкович Умер Трејд, сите блиски до СДСМ.
Бизнис лобито на @SDSMakedonija кое лапа државни тендери, заедно со Седат Пекер во сред корона лани, Колишинац од Вардар Експрес, Ватичи од Вато Компани, Берович од Берович Бетон, Дечкович Умер Трејд, сите блиски до СДС.
Сигурно за инвестиции разговарале со Седат!? pic.twitter.com/qfTBaS4z6l— Карантинко (@Karantinko) April 7, 2021