-Откако вакциниравме 100 милиони луѓе во Европската унија, мило ми е што денес ја примив својата прва доза вакцина против ковид-19, напиша таа на Твитер.

Фон дер Лајен (62) објави фотографии од вакцинацијата на Твитер.

-Ќе вакцинираме побрзо, испораките на вакцини во ЕУ се забрзуваат. Колку побрзо вакцинираме, толку побрзо ќе ја контролираме пандемијата, додаде таа.

Нејзината портпаролка напиша дека фон дер Лајен ја примила вакцината на Фајзеј.