Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер (76) е задржан на аеродромот во Минхен зашто не пријавил луксузен часовник на царинската контрола, објавија германските медиуми. „Билд“ објави фотофрафија на која се гледа Швајценегер со двајца цариници. „Арни“ на минхенскиот аеродром, наводно, бил задржан повеќе часови откако слетал со авионот од Лос Анџелес.

Цариниците го препознале холивускиот актер и го замолиле да ги отвори торбите, без посебен сомеж, Во багажот е откриен вреден луксузен часовник на швајцарскиот производител „Аудермарс Пигет“, кој актерот не го пријавил. Според пишувањето на медиумот, во прашање е уникатен прикерок изработен по мерка за Шварценегер, а кој требало да биде продаден на аукција во Кицбил, Австрија каде што се одржува Светскиот климатски самит.

Томас Мајер(55), портпарол на главните цариници во Минхен, изјави за „Билд“ дека против Шварценгер е покрената кривична даночна постапка, а дека часовникот требало да биде пријаве бидејќи во прашање е увоз.