Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33 000 денари, а случајот веднаш е пријавен во полиција.
Од Општина Аеродром го осудија вандалскиот чин и упатија апел до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.
– Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација, велат од општината.