Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ во три мандати, Весна Бендевска, синоќа излегоа на протест пред Владата за да кажат „НЕ“ за францускиот предлог.

Бендевска вчера пред протестот, преку социјалните мрежи порача дека без калкулации за последиците, ќе излезе на протест како чин на нејзина лична борба против против повреда на самосвеста за националната припадност.

Бендевска лани во јануари, на предлог на СДСМ, беше избрана за претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација.

(ФОТОГРАФИЈАТА Е ПРЕЗЕМЕНА ОД ПЛУСИНФО)