Вечерва машката ракометна репрезетнација го игра првиот натпревар на Светското првенство, а како противник ја има Норвешка. Иако скандинавскиот тим се смета како фаворит, нашите навивачи, добро познатата „фаланга“ која ги бодри навивачите е присутна таму во голем број.
Повеќе новинарски екипи се на терен, а една од нив е и екипата на Курир која има свој новинар во Краков, Полска. Веќе има навивање и еуфорија, а повеќе можете да погледнете од фотографиите и видеото во продолжение.
Исто така, своја екипа на терен има и 24ракомет, а она што можеше да се забележи од нивните пренесувања од терен изгледа дека атмосферата веќе е жешка, а фалангата подготвена да ја поддржи македонската репрезентација.