Во услови на неисполнети ветувања, заложбата на владата за реновирање на студентските домови и понатаму не е ништо повеќе од празна реторика. Ветувањата за промена на водоводот, реновирање, греење и интеграција на фотоволтаици беа планирани да започнат пред речиси девет месеци, а сега овие проекти се одложени за следната година.
Неисполнети ветувања: Неуспехот на Владата во реконструкцијата на студентските домови
Ретроспектива: Дали власта предводена од СДСМ и ДУИ ги исполни ветувањата за студентските домови?
Во претходните седум години студентите беа запоставени за многу прашања од власта на ДУИ и СДСМ. Од помпезно најавувани ветувања за студентски градови стигнавме до степен да немаме основни услови за живот и да ги затвораме постојните домови. Исто така, тука се и започнатите факултетски згради (ФФК И ФИНКИ), кои власта едноставно одби да ги изгради до крај. Тие, со амандмани во собранието, обезбедија плати за своите партиски функционери и вработувања, а ги скратија парите за студентски домови, нивна реконструкција и енергетска ефикасност, како и за изградба на овие факултети. Во вакви услови, воопшто не можеме да зборуваме за исполнување на ветувањата кои им беа дадени на студентите.
Што ВМРО-ДПМНЕ најави да биде приоритет за студентите?
Засега, според најавите студентите имаат централно место во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Целта е да се подобри студентскиот стандард, целосно реновирање на студентските домови, соодветно стипендирање на студентите.