Откако истата била забележана од страна вработените, веднаш била повикана помош од стручно лице од скопската зоолошка градина за фаќање змии.
Претходно како што објавивме, а и како што може да се види од видео кое се шири на социјалните мрежи, змија се шета на кејот покрај реката Вардар во делот кај Министерството за надворешни работи.
Засега нема информации за каков вид змија станува збор, но граѓаните овие денови постојано фотографираат змии како се шетаат низ населените места се почесто.