Зоо Скопје информира дека имаат нови бебиња од видот коати.

-Имаме пет мали јужноамерикански коати кои се постојано со својата мајка и затоа се уште не го знаеме полот. По четвртиот месец ќе почнат и самостојно да јадат, а дотогаш ќе бидат во топлата прегратка на мама, информираат од Зоо Скопје.