Партијата СДСМ која седум години беше владејачка доживеа дебакл на изборите и освои само 18 пратеници. Партискиот лидер Димитар Ковачевски кој беше прв виновник за овој пораз поднесе оставка, а за лидерската позиција на СДСМ се пријавија три посериозни кандидати.
Тоа се: Венко Филипче, Јован Деспотовски и Славјанка Петровски. Венко Филипче за којшто јасно дека е поддржан од крилото на Зоран Заев и веројатно е да биде иден лидер на СДСМ наидува на неприфаќање кај партиското членство кое остана заборавено додека партијата беше на власт.
Од партискиот огранок во Аеродром утрово со герила акција.
„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“, напишаа партиските активисти од скопската општина.
Во оваа партија градоначалник за Општина Аеродром на претходните избори беше кандидат Александар Филиповски – Цанде кој доживеа дебакл на локалните избори, а на оваа позиција дојде по Златко Марин.
Во партијата, освен Филипче единствени сериозни кандидати се Јован Деспотовски и Славјанка Петровска кои активно работат да застанат на чело на социјал-демократите.