Од Прилеп до Битола премиерот Зоран Заев патувал со владините возила дојдени дури од Скопје. Ова го покажува фотографијата до која дојде Радио Лидер.
Иако Заев претходно во интервју на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ, се правдаше дека било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили, фотографијата го покажува токму спротивното.
Информацијата која што ја објавивме денеска дека премиерот Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче на денешната посета на Прилеп пристигнале со хеликоптер, предизвика многу остри реакции во јавноста. За ова остро реагираше и опозицијата. Од таму обвинија дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД 19 пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп,