Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.
Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата.
Дел од нив беа во Битола, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа на министерката Мила Царовска.
Инаку тие се гневни и поради фактот што во веќе во графата за родители на децата не стојат мајка и татко, туку родител 1 и родител 2.
Од пред Владата на Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.