Дека се занимавате со туѓите животи, а не си ја вршите работата затоа ви умираат луѓе од ковид и ви горат живи луѓе. И тоа им е јасно на сите, му одговори Мицкоски на Заев, кој читаше Фејсбук статуси и го прозиваше Мицкоски дека не се фотографирал кога се вакцинирал.

Мицкоски укажа дека тој јавно ги повикал граѓаните да се вакцинираат и дека е за вакцинација како што пишува во еден од статусите кој Зоран Заев го цитираше за време на дебатата, а не е циркузант за да оди на вакцинација со камери.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ предупредило на политиканството од страна на надлежните и затоа сме во оваа ситуција.

И сега имаме калкулантство и предупредувавме дека ќе дојде до делта сојот, предупредуваше Комсијата за здарсвтво и затоа денес сме рекордери по изгубени животи, рече  Мицкоски.