Во придружба на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, утрово Кастекс почна да ги обиколува местата на нападите со положување венци и едноминутно молчење. Градските власти на Париз претходно најавија дека нема да има собири и оти не се планирани говори, и оти оддавањето почит треба да биде скромно, дискретно и тивко.
Одбележувањето на годишнината од нападите се случува додека трае судењето, на кое неодамна сведочеше поранешниот француски претседател Франсоа Оланд.
На тоа судење, кое почна во септември, Салах Абделслам, главниот обвинет за терористичките напади, рече дека Франција била нападната и оти цели биле цивили и население, но дека „во тоа нема ништо лично“.
Абделслам е единствениот преживеан од групата вооружени лица кои ги извршија нападите. Покрај него, им се суди и на група од 14 други обвинети.
Тројца бомбаши самоубијци на 13 ноември 2015 година во исто време активираа експлозиви во близина на фудбалски стадион за време на натпревар, пред концертната сала Батаклан за време на концерт и пред местото каде што има неколку ресторани. Најголем број жртви – 90, имаше во Батаклан.
Нападите се случија десет месеци по терористичкиот напад на редакцијата на францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо и на еврејска продавница во париско предградие.
Одговорноста за нападите тогаш ја презеде Исламска држава.