Од 45 сенатори кои зедоа учество во гласањето, 39 гласаа за ограничувачките мерки што ги воведе владата, а двајца гласаа против, додека 90 отсто од сенаторите одлучија да не учествуваат во гласањето.
– Претседателот на Републиката мора да разбере дека не може сам да одлучува, истакна во дискусијата претседателот на социјалистичката група, Патрик Канер, кој го објасни бојкотот на социјалистите.
– Во оваа фаза, ние имаме нула стратегија за Ковид. Оваа дебата резултира во форма на инструментализација на Сенатот од страна на владата. Претседателот на Републиката мора да разбере дека не може сам да одлучува во бункерот на Советот за одбрана. Ова веќе не е можно. Ние сакаме да бидеме дел од одлуките. Ова заробување од еден човек е спротивно на нашата демократија. Тоа е порака, адреса што му ја испраќаме на претседателот на Републиката. Тој мора да смета на парламентот, рече тој.
Вкупно шест групи на сенатори одлучија да не учествуваат во гласањето во Сенатот како групата Републиканци со која претседава Бруно Ретајо.
– Владата сакаше да не гласаме за ништо, за веќе преземените мерки. Која е поентата да се гласа? Сенатот не е комора за регистрација, не е место на лажни консултации, симулакрум. Оваа влада има многу широка моќ, но тие се концентрирани во една рака: онаа на Емануел Макрон кој одлучува за се. Но, ако ја споредиме француската ситуација со она што се случува на меѓународно ниво, има причина да жалиме. Во однос на вакцинацијата, ние сме на 55-то место. Многу земји се пред нас и вакцинираат многу повеќе од нас, изјави овој сенатор од десницата, кој се надева дека ова ограничување ќе биде последното.