Во пунктот во полициската станица Кисела Вода веќе функционираат 14 бази за фотографирање. Метежот го нема повеќе. Тука се само граѓаните на кои им е презакажан терминот, пренесе МРТ.
Редот се запазува. Се повикуваат еден по еден од списокот кој службениците го добиле од поместувањето на закажаните термини.
Граѓаните задоволни. Велат-нема повеќе кавги кој прв да влезе.
Службениците не информираа дека имало неколкумина кои изутрина дошле без термин, но биле вратени и им било кажано да се јават во повикувачкиот центар. Министерот Тошковски го посети пунктот. До сабота ќе работи до 15.00 часот, од понеделник во две смени до 22.00 часот. Се очекува дневно да бидат фотографирани до две илјади луѓе.
Но, се отвора дилемата дали има доволно број обрасци.
Од МВР информираат дека наскоро ќе има и реорганизација во работата на службите од каде се подигаат готовите документи. Уште неколку дена важат патните исправи со старото име. Од 12-ти ќе може да се излезе од државата само со пасош со променето име.