Нов телевизиски гаф на српската водителка Јована Јеремиќ масовно се споделува и коментира на социјалните мрежи по нејзиниот последен јавен настап.
Водителката при своето излагање не само што погрешно го изговори името на историскиот индиски лидер Махатма Ганди, нарекувајќи го Махмата, туку целосно му го промени и полот обраќајќи се во женски род.
„Водете сметка кого напаѓате и што му правите. Тоа, така рече Махмата Ганди, на крајот секогаш ќе му користи на оној што е нападнат“, истакна Јеремиќ во програмата во живо.
