Според нив податоците што ги споделуваат се од паралелните пребројувања на 90 проценти од гласовите. СЕпак се работи за резултати според прогнозите и пресметките на „Галуп“, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.
Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила.
„Има таков народ“ освоија 23,2 проценти од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 проценти, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 проценти, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 проценти. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во парламентот.
Според „Галуп“, излезноста на изборите била 38,1 проценти