Деновиве се посветени на културата во општина Илинден, вчерашниот ден беше исполнет богато со културни настани. Имено, се започна со литературен натпревар за деца, каде што од територијата на нашата општина сите основни училишта учествуваа со најдобри поети – деца каде што учествуваа на конкурс на кој што потоа се избираа и најдобри три песни од секое училиште. И на вчерашното матине тие ги презентираа своите творби и од страната на реномирани македонски поети беа избрани првото, второто и третото место од секое училиште. И во текот на матинето свој настап имаа и реномираните поети. Во текот на денот имаше и изложба на нашиот ликовен уметник Драган Кузмановски, кој што имаше изложени преку 50-тина негови дела, претежно сликани на платно со акрилни бои, појасни Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден во „Утрински Брифинг“.

Георгиевски додаде дека вчера вечерта свој настап имаше и ансамблот „Илинден“.

– Исто така овој пат се осврнавме на нашите домашни поети, така да денеска се поканети и ќе учествуваат преку друштвото на писатели реномирани македонски поети и тоа околу 10-тина. Тие ќе настапат на вечерашниот централен митинг „Стихови за душата“. Исто така ќе биде збогатена оваа манифестација со музичка точка. Така да исто така ги покануваме сите заинтересирани вечер да ни се придружат на централниот поетски митинг кој што ќе се одржи во Домот на културата – Илинден, повика Георгиевски.

Георгиевски посочи дека овој настан особено литературната манифестација е традиционален настан кој што веќе по 23-ти пат се одржува во општина Илинден. И во континуитет се следи од страна на Општината.

– Сметам дека оваа манифестација и во иднина ќе продолжи и ќе ставиме акцент на овој настан. Акцентот на самите денови на културата повеќе ќе се става на нашите домашни уметници, од нашата територија општина Илинден, но секако сме отворени за сите други уметници од целата држава, нагласи Георгиевски.

Георгиевски укажа дека за културата се обезбедуваат доволно средства во општина Илинден.