Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, лемурите нè израдуваа со нов подмладок, се роди бебе камила, па бебе лама.

Всушност, тука не е крајот на убавите вести.

Имено, скопската Зоолошка градина се повеќе се збогатува, овој пат со две бели волкчиња.