Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, речиси 900.000, повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак.
По увидот во документот, западни медиуми јавија дека еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ги повикала земјите-членки да ги исполнат сите свои ветувања за преземање бегалци до 2022 година.
-Ранливите луѓе и ранливите бегалци чекаат да бидат преместени за да можат да започнат нов живот во безбедност и достоинство, рече таа.
Според документот, покрај тоа што Германија презема 25.000 бегалци, Холандија се обврзала да прими повеќе од 3.100 чии животи во моментов се најзагрозени. Исто така, Франција и Шпанија ќе примат 2.500 Авганистанци, додека 2.000 ќе одат во Шведска