Базените во Германија се почесто остануваат затворени поради недостиг на работници.

На Германија и недостасуваат 3.000 професионални спасители. Работата на работ на базенот има и добри страни, но со себе носи многу одговорност – а малку пари, пишуваат германските медиуми.

Германските медиуми ја пренесуваат приказната на 61-годишник кој работел како професионален спасувач, пренесува магазинот Феникс.

„Ова се четири работни места во едно: јас сум спасител, техничар, полицаец, а понекогаш и психолог“, ја објаснува својата работа и додава дека и покрај тоа што е цел ден на базен, ова не е работа од соништата.

Работата е слабо платена

Работата на спасител е одговорна, со неповолно работно време – односно се работи за викенди и празници. Работата е исто така слабо платена. Почетната плата е 2.200 евра бруто.

Една од причините зошто професионалните спасители се многу барани е тоа што малкумина сакаат да работат толку одговорна работа за мала плата.

Во овој бизнис владее вистинска криза, пишуваат германските медиуми.

Германското здружение на професионални спасители (БДС) проценува дека недостасуваат околу 3.000 сасители за целата земја – а тој број само расте.

Стравот дека Германија ќе стане општество на непливачи трае уште од 80-тите. Медиумите пишуваат дека се помалку деца знаат да пливаат.

Дури 59 отсто од десетгодишните не знаат да пливаат. DLRG го припишува ова на фактот дека се повеќе се откажуваат часовите по пливање. Спасителот од почетокот на приказната се плаши дека Германија ќе стане општество на непливачи.

„Сега мораме да го скратиме работното време, на штета на капачите, бидејќи нема доволно“, вели спасителот и додава дека го загрижува ниската плата.

На крајот на краиштата, тој и неговите колеги имаат голема одговорност: треба да следат 375 квадратни метри вода.

„Отворен базен е одраз на општеството“, вели спасителот и посочува дека во својата работа мора да се справат со недостаток на почит, немири и пијаници кои ги малтретираат жените.