Германската агенција за контрола на болестите, Институтот „Роберт Кох“, објави 65.371 нов дневен случај, со што беше надминат рекордот од претходните 24 часа и продолжи нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.
-Во моментот се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме навистина ужасен Божик ако сега не преземеме контрамерки, рече директорот на Институтот, Лотар Вилер, за време на онлајн-дебатата.