По објавената колумна на Виктор Грозданов околу финансирањето на ИРЛ од страна на МРТВ, повторно се отвори темата кои продукции соработувале со јавниот сервис. Преку краток статус на Фејсбук, новинарот Бранко Героски упати барање да се објават договорите.

Aко е јавен сервис, МРТВ веднаш да ги објави сите договори за финансирање на проектите на независните продукции. Јавните пари се јавен интерес. АВМУ и државните институции да не молчат, пишува Героски на Фејсбук.

Повеќе околу парите кои ги добивале ИРЛ од МРТВ може да погледнете од веста во продолжение:

ГРОЗДАНОВ ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИ: Еве колку пари добиле ИРЛ на Сашка Цветковска од МРТ