Преку Фејсбук статус, Героски се обрати на изјавата на Марјан Забрчанец кој работи како Национален координатор за медиуми во Владата.
– Тогаш (во времето на Груевски – м.з.), медиумите што ја критикуваа власта беа јавно етикетирани и омаловажувани од највисоки владини претставници, почнувајќи од самиот тогашен премиер и најистакнатите министри, па се до обичните партиски членови. Кон тие медиуми и нивните новинари се водеа жестоки јавни хајки, се прогласуваа за „платеници“ и „предавници“. Таа пракса е целосно искоренета, рече Забрчанец.
Ова е лажна вест. Таа пракса не е целосно искоренета, како што тврди Забрчанец. Напротив.
Еве доказ од непристрасен набљудувач. Во извештајот на Репортери без граници за состојбите во медиумите во Македонија во 2020 година се вели:
„Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми…“
Значи, да повторам, овде се вели: „Високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми”. Тоа е целосно спротивно на исказот на Забрчанец!
Јавно ги повикувам сервисите за проверка на факти, кои се помогнати од странски фондации и организации, да ја нотираат оваа лажна вест и манипулација и за тоа да ја известат јавноста.
Ако се потребни други докази за притисоци на претставници на актуелната власт врз медиуми и врз новинари, стојам на располагање.
Ги повикувам и другите новинари и медиуми кои се соочуваат со такви притисоци јавно да сведочат и да се спротивстават на лагата дека оваа власт го толерира критичкото мислење.
ЗАБРЧАНЕЦ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ
Изјава на Марјан Забрчанец:
“Тогаш (во времето на Груевски – м.з.), медиумите што ја…
Posted by Branko Geroski on Tuesday, May 4, 2021