Едновремено, обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничените, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се дадат во бегство.

Осомничените во периодот од мај до септември 2021 година неовластено заради продажба произведувале наркотична дрога марихуана на седум локации на м.в.„Жабјак“ во близина на с.Негорци. Тие засадиле по околу 100 семки од растението канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови, ги врзувале со манила за да не се скршат. На 1 септември 2021 година, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на овластени службени лица во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени 381 стебло од растението канабис односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.

Од страна на Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија се донесени решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.