ДУИ две години молчеше, а денес, откако Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, се наведува во реакцијата на ВРЕДИ.
„Зошто молчеа досега?
Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и да им го споменат името“, се вели во реакцијата.
Од ВРЕДИ наведуваат дека правда ќе има за сите, вклучително и за оние кои, како што се наведува, со години ја злоупотребувале власта и државните функции.
„Правда ќе има за сите. И за оние кои две децении ја злоупотребуваа власта и државните функции за да си ги полнат сопствените џебови.“
Во реакцијата се посочува и на бројни афери и обвиненија поврзани со функционери на ДУИ, при што ВРЕДИ се повикува на оценката на САД за „ендемска корупција“ и на преземените мерки против фигури од партијата.
„Затоа, ДУИ треба да разбере едно: законот не признава партиски фотелји, привилегии и политички штитови. Правдата ќе биде еднаква за сите“, вели ВРЕДИ.
