За пласман меѓу четири најдобри тенисери на Олимписките игри на Ѓоковиќ му беа потребни 70 минути.
Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за противник во полуфиналето ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев, и Французинот Жереми Шарди (68).
Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо – Буста (Шпанија) и Карен Хачанов (Русија).