Сосема е очигледно е дека Бугарија е задоволна од тоа што е предлогот на француското претседателство на ЕУ, оценува поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев.

Во изјава за Канал 5 вели дека треба да почекаме ЕУ да ги промени правилата на блокадни механизми преку консензус и да можеме достоинствено и со чест да почнеме да преговараме.

„Она што беше усвоено вчера од бугарскиот парламент беше и очекувано, бидејќи како што спомна и еврокомесарот за проширување, Вархеи, дека францускиот предлог ги содржи сите бугарски барања, сосема е очигледно дека Бугарија е задоволна со тоа што е предложено. Оттука нас ни преостанува, бидејќи преговарачката рамка де факто не го содржи преговарачкиот пакет 4 плус 1, ама де јуре сме упатени да го потпишеме двостраниот протокол, кој исцело ги содржи сите бугарски барања, дури и некои нови кои беа навестени вчера во бугарскиот парлмент. Така што јас не очекувам дека ние наскоро ќе можеме да се усогласиме до крајот на француското претседателство и ќе треба да продолжиме по нашиот пат, да го користиме инструментот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, она што ни преостанува како наша европска траекторија и да почекаме ЕУ да ги промени правилата на блокадни механизми преку консензус и да можеме достоинствено и со чест да почнеме да преговараме со ЕУ на начин како што сите други држави преговараат со ЕУ“, рече Ѓорчев.