Криза на идентитетот е единствениот логичен одговор на однесувањето на Бугарија кон македонскиот народ и јазикот. Поранешениот член на македонско-бугарската комисија за историски прашања, професорот Ванчо Ѓорѓиев, го толкува негирањето на македонскиот идентитет од официјална Софија како несигурност во сопствениот.
Во самото постоење на Македонија и на Македонците гледаат закана. Всушност, тоа можам да го толкувам и на еден друг начин – криза на идентитетот во Бугарија. Тоа е проблем, несигурност во сопствениот идентитет. Посегањето по туѓ идентитет е несигурност и во сопствениот идентитет. Ден-денеска науката во Бугарија сè уште талка и ги менува теориите за потеклото на Бугарите – од таму се, од ваму, Словени, не знам, а сега најнова им е индоевропската теорија. Постојано ги менуваат. Тоа е сериозен проблем за анализа, изјави Ѓорѓиев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.